м-р Никола Веселинов избран за нов член на Управниот одбор на „Млади против насилство“

Генералниот секретар на Институтот Сариса, м-р Никола Веселинов е избран за нов член на Управниот одбор на Платформата “Младите против насилство” задолжен како Координатор за административни процедури. Исто така, на заедничкиот состанок членките на Платформата ја избраа Сара Чучуљ, претставник од Здружението на инвалиди ШПРЕСА за Претседавач на Платформата и Илија Петров, претставник од Совет за превентива против малолетничка деликвенција-СППМД за член на Управниот одбор за Координатор за комуникации. Избраните членови на Управен одбор на Read more…

Колумна на м-р Александар Богатинов – „Илинден – заштитник на македонскиот идентитет“

Нескромно е прашањето за најголемиот празник во Македонија. Но, сигурно сме исправени пред големиот Илинден. Празниците се државнички, верски, лични, професионални, итн, но под ова поднебје, нема друг така сличен во кој се испреплетуваат толку различни човечки енергии како што тоа е Илинден. По својата духовност, тој е возвишен, благонадежен, херојски, трогателен. Празникот со себе носи богат колаж од емоции. Гледајќи ја историската наставност на македонскиот народ, овој празник предизвикува восхит. Овој голем ден е Read more…

Колумна на м-р Гоце Бумбароски – „Македонски или Скандинавски модел на образование!?“

Што ни е потребно за да ги задржиме младите во Македонија? Велиме дека целта на образовниот систем е да всади љубопитност, имагинација, иновација, самоиницијативност и претприемачки дух и да им помогне на децата да развијат другарство. Ако е така, тогаш моделот во кој наставникот пренесува одредени информации, а ученикот ги повторува по него треба веднаш да се напушти, и да се воведе модел што ги стимулира учениците да откриваат и создаваат свои информации. Македонија треба Read more…

Колумна на м-р Александар Богатинов – „Случајот Украина: Крајот на историјата, Змејот и Мечката“

„Крајот на историјата“ е една од најкоментираните идеи, промовирана во 90-тите години од 20 век од страна на познатиот филозоф, политиколог и економист Френсис Фукујама, преку која се нагласува успешноста на либерално-демократското уредување во светот како најпромислен, најдокажан и најуспешен историски модел на општествено уредување во него. Оваа идеја се актуелизираше по распаѓањето на Источниот блок и требаше да биде со добра волја  прифатена од останатиот дел на светот. Таа, пред сѐ, беше популаризирана низ Read more…

Колумна на м-р Александар Богатинов – „Случајот Украина: НАТО алијансата од состојба на клиничка смрт до повторно реинкарнирање во најголем фактор за мирот во светот“

Политичките конфликти секогаш со себе си носат различни приказни, па така и во овој случај НАТО-Русија конфликт кој ескалираше во воен судир помеѓу Русија и Украина со себе си носи спротивни видувања за причината, но и за реалната ситуација во моментот со војната во Украина. Геополитички во овој момент припаѓаме на страната на Западот и свесно ја прифаќаме медиумската војна и цензура која нѝ се нуди  наведувајќи нѐ да прифатиме една страна, да усвоиме една Read more…

Колумна на проф. м-р Благојче Наумоски – „Современи тенденции во науката и уметноста“

Постмодернизмот е поим кој се обидува да вклучи нов начин на давање смисла на светот. Тој ја отфрла привилегираната положба на типичномодерните правци и го насочува вниманието врз разновидноста на стиловите. Покренат е недостиг на еднообразност и културна центрираност. Нагласокот е врз различностите и промените. Наместо естетското постмодернизмот го почитува инстиктивното. Акцентот е врз играта, а не врз правилата. Постмодернизмот го сака мешањето на стиловите и е толерантен спрема расцепканоста и нејаснотоста. Изразено е негирање Read more…

Колумна на м-р Александар Богатинов – „За колонизирањето на Македонија на патот кон ЕУ“

Светската политичката теорија од 70-ите и 80-ите години на XX век, во една недоволно јасна поделба, државите во светот ги селектираше во следниве рамки: – Држави од Првиот свет: капиталистичките земји кои најчесто припаѓаа на НАТО Сојузот (или пак беа блиски и соработуваа со него) и се сметаа себе си дека негуваат либерално-демократска политика; – Држави од Вториот свет (оваа втора поделба сега не постои): држави кои доаѓаа од комунистичкиот блок и за себе си Read more…

Колумна на Ирена Ќириќ – „Празници, традиции и семејни вредности“

Декември, месец исполнет со празници и традиции. Прва асоцијација на зима, снег, еуфорија, празнично расположение, периодот кој следи. Нова Година, нови желби, планови и цели, онаа точка која означува еден крај и нов почеток. Време наменето за семејството, за пријателите, за најблиските. Годишно доба штого буди мирисот на детството, убавите спомени, а најмногу од се, потсеќа на традициите негувани и пренесувани од минатото. Период од годината кој влева надеж за подобра иднина, но и оној Read more…

Институтот САРИСА ја одржа работилницата „Зајакнување на владеењето на право на Западен Балкан“

Во организација на Институтот за конзервативни политики „САРИСА“ вчера во Скопје се одржа тематската работилница „Зајакнување на владеењето на право на Западен Балкан“, во која говорниците се осврнаа на актуелната состојби во регионот. Настанот го отвори и го модерираше г-дин Сашо Петковски, Раководител на сектор во Институтот „САРИСА“, кој даде краток осврт на работата на Институтот, и на кратко ја искоментира моменталната состојба со владеење на правото во регионот. Првиот панелист, д-р Фиона Тако од Read more…