ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ВОЛОНТЕРИ АНАЛИТИЧАРИ

Published by Sasho Markovski on

Институтот за конзервативни политики „Сариса“ објавува оглас за аналитичари волонтери. Кандидатите треба да поднесат научно истражени колумни од 500 до 700 зборови на неделно, двонеделно или месечно ниво.

Темите за истражување се: конзервативна политичка мисла, конзервативна филозофија, конзервативна економија и енергетика. На аналитичарите им е дозволено да пишуваат за кое било прашање / предмет од горенаведените теми и текстот да биде напишан на македонски и англиски јазик.

Одбраните текстови, со слика и име и презиме на аналитичарите, ќе бидат официјално објавени на веб-страната и Facebook страната на Институтот „Сариса“ и на порталот Sarissa News.

Заинтересираните кандидати ги молиме да се обратат на info@sarissa.mk

За аплицирање:

Ве молиме испратете копија од вашата биографија или CV и еден примерок од Ваше пишување (не подолг од 1500 зборови) на info@sarissa.mk до 20 декември 2020 година.


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *