Комунистите изгубија во Мадрид, во иднина и во Шпанија

Published by sarissa.institute on

Сашо Петковски

Неодамна во Кралството Шпанија се одржа дел од регионалните избори. Изборите зарегионот Мадрид се одржаа на 4ти мај 2021 година. Очекувано според сите анализи на тие избори победи народната партија, која е десно центристичка. Овој регион е еден од бастионите на народната партија, во кој често победува. Изабел Ајусо е реизбрана за претседател на регионот откако нејзината партија освои огромни 1.620.000 гласови или скоро 45% од гласачките лифчиња т.е. 65 пратенички места. На второто место заврши Mas Madrid – левичарска и феминистичка партија која се одвои од комунистичката Podemos во 2019 година, со 17% т.е. 24 пратенички места што е за 4 повеќе од минатите избори.Неочекувано PSOE (социјал-работничката партија) која управува со шпанскиот парламент се најде на третото место. Оваа партија на сите анализи покажуваше резлутат кој го гарантира второто место. Очигледно левичарите во Мадрид дадоа повеќе доверба на Mas Madrid отколку на PSOE. Социјалистите освоија 16.8% или 24 пратенички места, додека на минатите избори во овој регион имаа 27.3% или 37 пратеника.Vox (глас), партија која е десно ориентирана и е најголем критичар на комунистите во Шпанија освои стабилни 9%. Тоа се 13 пратеника, за 1 повеќе од минатите избори. Зад нив беа Podemos (можеме) познати комунисти, плукачи на црквата и на се што е конзервативно, со освоени 7 пратенички места. Последни завршија Ciudadanos (граѓаните) кои поради погрешните калкулации во нивните политики ги изгубија 26те пратенички места од минатитеизбори и не освоија ниту еден пратеник.Овие избори не беа редовни. Пред околу два месеци, Ciudadanos им го свртеа грбот на народната партија во регионот Мурсија. Народната партија и “граѓаните” беа сојузници, но неочекуваното предавство скапо ги чинеше Ciudadanos. По коалицијата со левичарите одсоцијал-работниката партија во регионот Мурсија, претседателката на регионот Мадрид Ајусо реши да ја прекине коалицијата со Ciudadanos. Потоа повика на предвремени избори на 4ти мај годинава. Овој пат успешно бидејќи имаше два неуспешни обиди во 2020 година.Кој е исходот од овие избори? Народната партија ја зацврсти власта со своите 65 пратенички места. Бројата 69 значи апсолутни мнозинство, што значи дека им фалат само 4пратенички места. Vox иако настапија одделно, сепак после изборите ветија дека се тука за да ја поддржат народната партија во сите нивни антилевичарски политики. Podemos почнаа да се распаѓаат уште на минатите избори каде што Ињиго Ерехон се оддели од нив и формирашесвоја партија (левичарска), Mas Pais. По поразот на овие избори, претседателот на Podemos, познатиот комунист, Пабло Иглесиас кој воедно беше и втор заменик премиер на Шпанија, си поднесе оставка и најави поразително повлекување од политиката. Тоа значи колапс за неговата партија, каде полека нивното гласачко тело ке се прелее во Mas Pais. Ciudadanos, со своите нула освоени пратенички места, ја плати казната за предавството. Нивното гласачко тело претежно се базираше на центар-десно ориентирани гласачи, кои беа незадоволни од народната партија. По коалицијата со социјал-работничката партија, истите тие гласачи се вратија кон народната партија. Во иднина во регионот Мадрид можеме слободно да кажеме дека конзервативни политики сигурно и цврсто ќе владеат. Комунистите и нивните штетни политики за шпанското општество се сведени на тоа да немаат никаква контрола врз овој регион. Тоа што можеме да очекуваме од оваа победа на народната партија на овие регионални избори е дека PSOE на наредните парламентарни избори ќе доживее пораз. Рејтингот на PSOE почна да опаѓа уште од Каталонските регионални избори годинава, каде убедливо мнозинство во каталонскиот парламент обезбедија сепаратистички левичарскипартии. По поразот на регионалните во Мадрид, Народната партија гo престигна рејтингот на PSOE и води со 2%. Ваквиот рејтинг може да доведе и до предвремени парламентарни избори следната година, каде конечно ќе го видиме Педро Санчез на колена. Опцијата на Народната партија е да коалицира со VOX, при што би има требала уште една каталонска партија за да би освоиле апсоутно мнозинство во шпанскиот парламент. Оваа коалиција иако е неизвесна, бидејќи VOX има многу порадикални ставови од PP т.е. oваа коалиција сепак ќе мора да биде оформена доколку Народната партија сака да биде доминантна. Ciudadanos и Podemos можеме да им ги изброиме нивните денови на постоење, додека Mas Pais можеме да ги наречеме новиот лидер на комунистите, феминистите и сите левичари во Шпанија. PSOE во иднина ќе стане привезок партија на Mas Pais, кои заедно преку умилкување на сепаратистичките партии низ Шпанија ќе пробаат да пружат некаков отпор.Оваа победа на десничарите и меките десничари е дел од домино ефектот кој се случува низ Европа (особено јужна). Бројките растат од ден за ден и да се надеваме дека воблиска иднина слободата ќе му зададе тежок удар на комунизмот низ Европа и ќе стави крај на неговите штетни политики кон европското општество. Прашањето е комунизам или слобода, а иднината е во вашите раце.

*Превземено од Conservatives Global


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *