Нова доза на конзерватизам во македонското општество

Published by sarissa.institute on

Сашо Марковски

Tерминот „конзервативен“ за жал има понижувачко значење во македонското општество. Во денешното македонско општество, луѓето кои се идеолошки конзервативни честопати се опишани како глупави, неедуцирани, назадни, слепо религиозни, затворени и сл. Комунистичката партија тврдеше дека создава совршено општество: закон, ред, братство и единство, можност и еднаквост за сите. Но, мизерно потфрли. Да бидеме јасни, во Југославија никогаш немало „вистински“ комунизам или социјализам. Идеологијата беше злоупотребена за индивидуални профити и создавање на нова политичка елита. Денес, скоро 30 години по распадот на Југославија, ни преостанува да се справиме со празнината на соодветна политичка наука што трае во нашето општество.

Ирвинг Кристол, таткото на неоконзервативизмот, го опишува го неоконзервативецот како „либерал претепан од реалноста“. За среќа, за конзервативците, интелектуалците и демократското општество, тоа е токму она што се случува денес. Незнајно за повеќето луѓе, овој конзервативен тренд органски се шири во македонското општество.

Комунизмот е закопан, а социјалниот либерализам се покажа како неефикасен, особено во приватниот сектор и економијата. Гревовите против чесните и вредни граѓани од левицата се премногу болни за да се игнорираат. Како резултат на тоа, поголемиот дел од населението започна да бара нови опции.

Тука на сцена доаѓаат нашите помлади генерации. Многумина се едуцирани во странски образовни институции. Со отворени граници и развиена технологија, младите сфатија дека биле во заблуда премногу долго. Со помош на интернетот, образованието во странство и споделувањето информации, македонското општество сфати дека “The Right is often right”. Така новата алтернатива е најдена во конзервативизмот.

Ако конзервативците веруваат во здраво семејство и во силни семејни вредности, тогаш залагањето за енергија, чист воздух и вода за нашите деца и генерации што доаѓаат, сигурно конзервативна одлика. Денес конзервативците се луѓе со широки погледи кон светот, отворен ум, модерни и урбани. Повеќе не живееме во црно-бело општество; левицата е таа што треба да има отворен ум (за конзервативни идеи).


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *