КЛУБ НА МЛАДИ КОНЗЕРВАТИВЦИ

Клубот на млади конзервативци (КМК) е движење за поддршка на млади сили кои се инпирирани од конзервативни идеи.  Ние делуваме преку едукација, организирање на предавања, конференции и семинари и социјално дружење. КМК има за цел да промовира идеи како индивидуална благосостојба и човекови права, популаризирање на  идеите за слободна пазарна економија и претприемништво, да даде поддршка за зачувување и унапредување на индивидуалната слобода на сите македонски граѓани, и намалени државни интервенции во македонското општество.

Клубот на млади конзервативци е првиот македонски клуб кој се фокусира на почитување на ставовите на младите во однос на конзерватината филозофија и политичка мисла. Ние нудиме платформа која дава можност за промоција на лични видувања на младите.