Конзервативен караван на Институтот „САРИСА“ во Пробиштип
Институтот за конзервативни политики „САРИСА“ вчера (20.02.2021 година) во Пробиштип го одржа својот настан насловен „Конзервативна опција за развиена држава“.
Настанот го отвори Директорот на Институтот САРИСА, м-р Сашо Марковски, кој пред присутните даде еден вовед за структурата и идејата на Институтот, а потоа зборуваше на тема „Конзервативизам за одржливи државни столбови“. Веднаш по него се обрати раководителот на Секторот за политичко-идеолошки работи во Институтот САРИСА, м-р Александар Богатинов, кој говореше на тема „Градење современа држава и државни институции“. Последен зборуваше членот на новоформираниот Советодавен одбор на Институтот САРИСА, доц д-р Александар Нацев, кој зборуваше на тема „Современо политичко дејствување: Лидерство, Државништво, Дискурс“. За време на дикусијата имаше многу интересни прашања и коментари од присутните гости. Настанот беше посетен од 35 лица, и беше организиран со соодветно почитување на КОВИД 19 мерките.
Ова беше четврт настан од серијата настани кои се одржуваат во организација на Институтот САРИСА, а претходно беа одржани настани во Штип, Гостивар и Битола.