Ограничувањaтa, границите и правилата се неопходни

Published by sarissa.institute on

Џејсон Мико

Во моите две претходни колумни, во кои пишував за тоа што значи да се биде македонски конзервативец, ги образложив темите на благодарност, како и мудроста која може да се пронајде во старите начини и традицијата и како тие се применуваат кај македонскиот конзевативец. Во оваа колумна, ќе дискутирам за улогата на лимитот, границите и правилата, и зошто тие ни се потребни во животот.

За жал, постојат лимити во животот. Тоа можеме да го видиме насекаде. Во биолошкото нас, на пример постои лимит колку еден маж или една жена може да трча, колку некој човек може да држи здив, колку долго некој ќе живее (да се изразам поразлично, сите ние имаме вграден рок на употреба), итн. Овие лимити постојат во биолошкото нас со добра причина.

Постојат и добри причини зашто мора да има лимити во одредени полиња во нашите животи како индивидуи и како дел од општеството. Мора да постојат лимити и граници за што зборуваме и што правиме, взаемно дали како индивидуи или како власт, кои што се, пред се, избрани од луѓето. Без лимит и граници би настанал хаос. Претставете си го вака: може да уживате гледајќи или играјќи кошарка, глобално популарен спорт во денешницата. Според правилата на игра, постојат граници на теренот – определено место каде играчите можат да се натпреваруваат, а другите кои не играат мораат да седат надвор од теренот. Постојат и правила во играта, а постојат и судии кои се тука за да им дадат на значење на тие граници и правила. Но во рамките на тие граници и правила играчите се слободни да прават што сакаат, користејќи ги нивните вештини, таленти и стратегии кои им ги наложува тренерот, се со цел да да победат во натпреварот. Но што ако немаше граници и правила? Што ако не постоеја лимити? Што ако играчите можат да прават буквално што сакаат во рамките на теренот и надвор од него? Дали тој натпревар ќе биде забавен за гледање или играње? Се разбира не. Би преовладал хаос и не би имало никаква поента да се гледа, ниту пак да се игра тој натпревар.

Грегори Колинс, постдокторант при оддлелот за политички науки на универзитетот Јеил, пишувал за лимити и англискиот филозоф Џон Лок (1632-1704), кој се смета за еден од најбитните просветлувачки мислители, во “Имагинарниот конзервативец”, посочил дека “редот е неразделиво поврзан со лимитот… и не само што ја лимитира индивидуалната акција која што завзима улога во неговата морална филозофија, туку ја лимитира институционалната акција, која игра уште по голема улога одржувањето на либералниот ред во неговата политичка филозофија. Секако, на студентите од западната политичка мисла им е познат неговиот луциден опис на политичките институции, како на пример владеењето на правото, народниот суверенитет, поделбата на моќта – кои се појавуваат како најјасни политички изрази на ограничена и самоограничена власт. Исто така во друго дело на Џон Лок “Втора Расправа” невозможно е да се избегнат заклучоците дека лимитот е есенцијален во неговиот концепт за власт. Легитимноста на една власт е ограничена согласно владеаните.

Колинс понатака ги поврзува мислењата на Лок за потребата на лимити во човековото однесување посочувајќи дека инвидуалната слобода не е “состојба на лиценца” и дека правилното однесување на инвидуалците во уживање на нивната слобода е во “границите на законот на природата”. Законот на природата постои како едно вечно правило за сите луѓе, нивните наследници – законодаватели како и за сите останати. Locke посочува дека индивидуите поседуваат права и со тие права доаѓаат одговорности и должности.

Во глобала, и за власта и за индивидуите, според Лок, можеме да заклучиме дека природниот закон води кон природни права и ја поддржува и потврдува индивидуална слобода. Како и да е, таа индивидуална слобода не е лиценца и таа индивидуална слобода мора да постои во границите на законот на природата, и дека ова се применува кај индивидуите и нивните наследници т.е. тие кои го прават законот , дека индивидуите имаат права, но тие права доаѓаат со одговорности и должности, дека природниот закон ги верификува моралните лимити, дека Нарачаната Слобода (или попросто кажано, редот во општеството, алатка за демократија од секаков вид) е поврзана со лимитот на индивидуата и институциите, дека лимитот е основа на конзервативната мисла, дека лимитирана и самоограничена власт како свои обележја ги има владеењето на правото, народниот суверенитет и поделбата на моќта и на крај дека легитимитетот на власта е ограничен од согласноста на владеаните.

Како ова се применува кај македонскиот конзервативец? Македонскиот конзервативец разбира дека власта не може и не треба цело време да прави се и за секого. Тоа би придонело кон тиранија. Постои улога на власта и ограничување на нејзините моќи во согласност со владеаните и постои ограничување во тоа што таа може и што треба да прави. Желбата на некои македонци за власт и да се инволвирани во се, не само што не е правилна туку е и опасна.

Во исто време македонскиот конзервативец разбира дека ограничувањата се применети и на нас како индивидуалци, и дека имајќи индивидуална слобода да кажеме и направиме било што, не значи дека секогаш треба нешто да кажеме или направиме, индивидуалната слобода не е лиценца, слободата е слобода кога е правилно разбрана и правилно практикувана. Американскиот автор Џорџ Вил во “Конзервативната чувствителност” напишал, “Соколот е слободен како и лососот и затоа тие можат да одат и прават се, согласно тоа кон што се склони”. Слободата е резервирана за човечките битија, кои што се мислителни суштества и кои можат да изберат кон што да бидат склони. Расудувањето за правилна употреба на слободата е слобода во пракса.

Конзервативците, без разлика каде живеат, ги разбираат овие работи – ограничување, граници и правила – и дека овие работи се витални како за нас така и за нашите општества, со цел да се овозможи еден процут на човештвото.


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *