м-р Никола Веселинов избран за нов член на Управниот одбор на „Млади против насилство“
Генералниот секретар на Институтот Сариса, м-р Никола Веселинов е избран за нов член на Управниот одбор на Платформата “Младите против насилство” задолжен како Координатор за административни процедури.
Исто така, на заедничкиот состанок членките на Платформата ја избраа Сара Чучуљ, претставник од Здружението на инвалиди ШПРЕСА за Претседавач на Платформата и Илија Петров, претставник од Совет за превентива против малолетничка деликвенција-СППМД за член на Управниот одбор за Координатор за комуникации. Избраните членови на Управен одбор на Платформата во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација”, ќе ги извршуваат своите функции до ноември 2023 година.
Никола Веселинов и Платформата “Младите против насилство” продолжуваат со успешна работа во остварување на поставените цели и реализирање на проекти.