Падот на лажното либерално левичарство

Published by sarissa.institute on

Сашо Петковски

Како што покажала историјата, левичарското движење во светот не донела никому добро. Познато е како завршија сите земји кои беа лидери или следбеници на тој систем. Едноставно тие доживејаа крах од економски и општествен аспект и карактер. По втората светска војна општеството било заситено од тогашните канцерогени методи како нацизам, расизам и други дерогативни особини кои полека почнало да ги отфрла истите.

Европските левичари користејќи ја таа енергија се впуштиле во невидлива војна против традиционалното општество, со цел да се разнебити идентитетот и сигурноста на индивидуата како би добиле еден модерен роб кој е навидум слободен. Потпомогнати преку разни медиумски влијанија, се обидуваат да направат конфузија каде конзервативното општество е претставено како еден од директните виновници на дотогашните лоши особини и последици. Споредувајќи ги со радикалните десничари, влеале страв кај неутралната маса, посочувајќи дека секој кој е конзервативен е штетен за слободата на еден народ и прогресот на едно општество.  Преку силното медиумско влијание успеваат во голем дел да ги огрдат зборовите: “Семејство”, “Религија” и “Традиција”, кои се едни од основните столбови врз кои се темели конзервативизмот. Луѓето масовно почнале да даваат поддршка на овие навидум либерални струи, несвесно отфрлајќи ги вистинските вредности на општеството.

Во наредните 70 години, т.е. во денешницата, лажното либерално општество достигна голема моќ која ја користи за сузбивање на сите преостанати фактори кои се залагаат за зачувување на традиционалните вредности. Постојат разни невладини организации, па дури и терористички организации кои се спремни во секој момент да се конфронтираат со сите оние кои ја штитат традицијата. Сведоци сме за напади кон луѓе кои го бранат својот дом, своето семејство, религија и идентитет. Според левичарските модерни убедувања, семејството како институција е контра слободата, а религијата е контра просперитетот на општеството. Конзервативците се прикажани како фашисти и дека со нив не е возможна слобода бидејќи тие навидум се против различностите.

Достигнувајќи го својот зенит, левичарството сега започнува да опаѓа. Проследено со економски кризи и газење врз оние кои не делат исто мислење, луѓето повеќе не веруваат во овој систем кој сака да ги претвори во обични робови без идентитет, изгубени и лесни за контролирање. Западниот свет повторно и полека, но сигурно се враќа кон вистинските вредности. Тоа го покажаа последните три изборни циклуси ширум Европа, а особено во Франција, Шпанија и Италија, дури и левичарскиот бастион Шведска каде модерната десница бележи огромен раст. Левичарството сокриено позади лажниот либерализам прави се за да се оцрнат неистомислениците. Тие всушност користат нацистички методи да ги декапитираат сите оние кои не се сложуваат со нивната замисла како едно општество треба да биде и да функционира.

Модерните десничари се отворени луѓе кои се залагаат за едно модерно демократско општество со вистински морални вредности. Луѓе кои сакаат да го заштитат семејството, религијата и идентитетот, отфрлајќи ги сите радикални и шовинистички структури преку вистинска демократија која ја вреднува слободата на говорот и ги цени различностите помеѓу луѓето за разлика од левичарските структури со нивното фашизоидно дејствување. Едноставно еден човек без духовна слобода, без семејство, традиција и идентитет не е ништо повеќе туку еден бездушен роб.


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *