Регионални избори Италија 2020

Published by sarissa.institute on

Сашо Петковски

Септември 20ти 2020 година е денот кога треба да се одржат преостанатите регионални избори во Република Италија. Во пракса секој регион одржува свои избори, но по добиената поддршка на Матео Салвини за предвремени избори и застојот од корона кризата оваа година ќе се одржат во ист ден. Главните учесници се коалицијата на левичарите, предводени од Демократската партија, Десната коалиција предводена од Лигата на Матео Салвини и Движењето 5 Ѕвезди. Валдостан, Апулија, Кампанија, Лигурија, Марkе, Тоскана и Венето се последните региони каде италијанскиот народ треба да го даде својот глас. Пред да извршиме анализа и предикција да се навратиме како завршија изборите во преостанатите региони.

Во 2019 година регионални избори се одржаа во Абруцо, Сардинија, Базиликата, Пиемонт и Умбрија. Изборите во Абруцо завршија со огромна победа на Десната коалиција, каде победи Марко Марсилио од партијата Браќа на Италија со освоени 18 пратенички места во регионалниот парламент, за разлика од минатите избори во овој регион каде освоија само 7 места. Вкупно добил 299.949 гласа  што е 48% од електоратот кој гласал. Второто  место припадна на Движењето 5 Ѕвезди со 7 места  додека Демократската партија од Коалицијата на левичарите го освои второто место и го изгубиле регионот со освоени само 6 места т.е. 7 места помалку од минатите избори. Сардинија е уште еден колапс на левичарите. Кристијан Солинас од партијата Сардиниска Акција (дел од десната коалиција) ги прегази левичарите со освоени 36 места, а Демократската Партија забележала пад од 18 места и добила само 18 места. Базиликата е трет регион кој што левичарите го изгубија. Тамо резултатот заврши со огромна победа на генералот Вито Барди со освоени 13 места, додека левичарската коалиција освоила само 5 места, Движењето 5 Ѕвезди пак само 3 места. Пиемонт како десничарски бастион повторно победата ја извојуваа десничарите, поточно Алберто Кирио од Форца Италија на Силвио Берлускони со освоени 33 места. Левичарите преку Демократската партија поразително со 20 пратеини помалку од претходните избори освоија само 13 места.Умбрија е следен  регион во низата изгубени региони на левичарите поради недовербата и неспособноста. Тука десничарите со Донатела Тесеи од Лигата на Салвини освоија победа со плус  7 места за разлика од минатите избори во овој регион или пак вкупно 13 места, додека пак левичарите забележале пад од 7 места и завршиле со освоени само 8 места.

Останати избори кои се спроведоа се Сицилија во 2017 каде десницата со Нело Мусумеки ја ампутираше Демократската партија и целиот левичарски блок со освоени 36 места. Позитивен исход извлече Движењето 5 Ѕвезди со освоени дури 20 места, а Демократската партија освои само 13 пратеника т.е. 26 пратеника помалку од минатите избори во овој регион. Во 2018 година на изборите во Ломбардија која е уште еден десничарски бастион, Алтило Фонтана од Лигата освои фрапантни 49 места. Левичарите во пракса уште еднаш поразени во овој регион со освоени само 18 места. Лацио каде сегогаш е неизвесно и каде секогаш шансите се 50-50  овој пат Демократската партија со Николо Ѕингарети извојува победа со освоени 25 места, а Стефано Париси од десната коалиција само 15 пратенички места.  Во Молисе левичарите повторно изгубија регион. Донато Тома од Форца Италија освои 13 места додека Движењето 5 Ѕвезди освои 6 места, а Демократската Партија поразителни 2 места. Масимо Федрига од Лигата во Фриулија-Венеција освои 29 места, левичарите само 14 т.е. пад од 13 места и уште еден загубен регион за нив.  Валдостан доби комплицирана ситуација каде Лигата на Салвини освои 7 места како и левичарската Валдостанска Прогресивна Партија. Во Трентино-Јужен Тирол довербата граѓаните му ја дадоа на Маурицио Фугати од Лигата и со тоа ги поразија левичарите со освоени 21 место, а пак Демократската партија освои 8 места. Во 2020 години се реализираа само 2 изборни циклуса пред пандемијата да завземе голем замав, а тоа е во Емилиа-Ромања и Калабрија. Емилија-Ромања е познат левичарски бастион и долгогодишен извор на комунисти и регион каде можат да се сретнат дури и бисти на Ленин. Тамо победата повторно ја земаа левичарите со освоени 29 места, додека Луцио Боргонзони од Лигата освои само 15, но процентуално гледано 43,7% од вкупните гласови што е за скоро 15% повеќе од минатите избори во овој регион. Последните избори се во Калабрија каде Десната Коалиција предводена од Сантели од Форца Италија ги прегази левичарите и освои 20 места, а левичарите 11 т.е. 9 помалку од претходните избори.

Да се навратиме на престојните избори. Апулија, силите тука ќе ги мерат актуелниот претседател на регионот Микеле Емилиано од  Демократската Партија и Рафаел Фито од Браќа на Италија која е дел од десната коалиција. Според испитувањата направени од  BidimediaЕмилиано би добил 40,2% од гласовите додека Фито 38,9%. Winpoll предвидува победа на Фито со 39,6% а пораз на Емилиано со 38,2%. Ipsosпак предвидува победа на Фито со 41%, Емилиано би добил 39,4% од гласовите. Институтот за конзервативни политики “Сариса” предвидува тесна победа на десничарите т.е. на Рафаел Фито со 40,5%, а Микеле Емилиано би изгубил со 39%.

Кампанија е исто еден од левичарските бастиони, каде борбата ќе ја водат актуелниот претседател левичарот Винченцо Де Лука и Стефано Калдоро од Форца Италија. До пандемијата Калдоро имаше висока предност од 14% пред Де Лука, но сега според Ipsos Де Лука води со вкупно 50,4% пред Калдоро со 29%. SWG исто така предвидуваат победа на левичарите со 51 до 55%, додека Калдоро би добил помеѓу 29 и 33%. Ixe пак предвидуваат победа на Де Лука со 54,4%, а 26,9% за Калдоро. Институттот за конзервативни политики “Сариса”предвидува победа на левицата со 51% наспроти 36% за Калдоро од Форца Италија. 

Лигурија регион како и повеќето региони на северот е десничарски бастион. Актуелен претседател е Џовани Тоти кој премина од Форца Италија на Берлускони во Cambiamo(Да се промениме) и се очекува повторно да биде избран. Истражувањата на Ipsos предвидуваат победа на десничарите со 57,4% пред Феручио Санса со 34,8%, кој е независен кандидат поддржан од левичарите и Движењето 5 Ѕвезди. Noto предвидуваат 54 до 58% за Тоти, а 37 до 41% за Санса. Winpoll даваат најголема предност за Тоти, дури 60%, Санса би освоил 34,4%. Институтот за конзервативни политики “Сариса”дава предност на Тоти со освоени 58%, а 38% за Санса.

Марке е регион каде за претседател има левичар, но Франческо Акароли од Браќа на Италија ужива огромна предност според SWG со 51% наспроти 37% за левичарите т.е. за Маурицио Манѓаларди. Techne предвидуваат победа на Акароли со 43-47%, а пораз на Демократската Партија со 36-39%.Висока предност за Акароли даваат иIpsos каде според нив ќе победи со 49%, додека Манѓаларди ќе изгуби со 35,8%. Институтот за конзервативни политики “Сариса”предвидува огромна победа на Браќа на Италија со 48,5% и пораз на Демократската Партија со 36%.

Тоскана, уште еден комунистички бастион како Емилија-Ромања во кој Демократската Партија ја има власта повеќе од 30години. Во овој регион десничарите ќе ги претставува Лигата на Салвини со Сузана Чикарди, а левичарите ќе се обидат да го задржат еден од ретките региони каде имаат поддршка со Еугенио Ѓани од Демократската Партија. Тука Quorum, SWG, Demetrai EMG предвидуваат висока победа на левичарите со освоени помеѓу 42 и 44% од гласовите во регионот, додека Лигата со Чикарди би освоила помеѓу 38 и 41% од гласовите. Борбата ќе биде тесна и Институтот за конзервативни политики“Сариса” предвидува тесна победа на левичарите со предност од 2% односно 44% за Демократската Партија, а 42% за Лигата на Салвини.

Венето или кај нас попозната како Венеција (регион) има претседател од Лигата кој победува 2 пати по ред на регионалните избори во овој регион. Лука Заја се очекува да победи и по трет пат,  каде според истражувањата на Ipsosби освоил високи 74% од гласовите, наспроти 16,3% за Артуро Лоренцони од Демократската Партија. Demos предидува победа за Заја од 76% и пораз на Лоренцони со 14% од гласовите. Како останатите така и Noto предвидува победа за десната коалиција со освоени  71 до 75% и 18 до 22% за левичарите. Институтот за конзервативни поликити “Сариса”без сомнение предвидува победа за десницата и тоа убедливасо високи 73,5% наспроти 17% за левичарите.

                Како што можеме да заклучиме од анализата на завршените регионални избори и рејтинзите од престојните, левичарите во Република Италија немаат светла иднина. Недоверба, силна економска криза (Италија е една од најголемите земји должници во ЕУ), организиран внес на нелегални криминални мигранти, нападите кон традиционалното општество и црквата, убистваства на невини луѓе по улиците се само дел од коруптивното левичарско општество кое владее во Италија. Италијанскиот народ е решен да стави крај на овој злостор и затоа довербата ја дава на италијанската десница која е обединета како никогаш до сега. Народот е тој кој одлучува и тој ќе ги казни левичарите кои и на наредните парламентарни избори ќе доживеат катастрофален пораз, најголем во последните 70 години.


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *