Институтот САРИСА ја одржа работилницата „Зајакнување на владеењето на право на Западен Балкан“
Во организација на Институтот за конзервативни политики „САРИСА“ вчера во Скопје се одржа тематската работилница „Зајакнување на владеењето на право на Западен Балкан“, во која говорниците се осврнаа на актуелната состојби во регионот.
Настанот го отвори и го модерираше г-дин Сашо Петковски, Раководител на сектор во Институтот „САРИСА“, кој даде краток осврт на работата на Институтот, и на кратко ја искоментира моменталната состојба со владеење на правото во регионот. Првиот панелист, д-р Фиона Тако од Албанија. даде краток осврт на состојбата во Албанија и на одредени специфични појави во албанското општество.
Вториот говорник, г-дин Александар Гајиќ, кој е директор на „Дунавскиот истражувачки центар“ од Србија даде свое видување и анализа на процесот на пристапување кон ЕУ на Република Србија и Република Македонија. Последниот панелист, м-р Сашо Марковски, кој е директор на Институот Сариса зборуваше на тема „Владеење на правото: во практика и во теорија“ и најмногу се задржа на состојбите во Македонија.
Настанот беше организиран во соработка со Шведската алумни мрежа за Западен Балкан (SANWB), со поддршка од Шведскиот Институт (Swedish Institute).