Конзервативизмот – амалгамат за новото и старото
Во четврток, 19.11.2020 во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Штип се одржа дебата насловена: Политиката и вредностите на конзервативизмот, Конзервативизам – Амалгамат за новото и старото. Ова беше прв настап од таканаречениот “Конзервативен караван” кој ќе продолжи со гостувања и во други градови на републиката. На настанот беа разгледувани повеќе различни гледишта за различни објаснувања за тоа што значи да се биде македонски, британски или американски конзервативец, конзервативното гледање кон функионирање на државата и државните институции, објаснување на социјалните вредности благодарност и благородност, како и што значи да се биде млад и модерен конзервативец. Настапот го модерираше директорот на Институтот Сариса, Сашо Марковски, кој исто така го претстави институтот, ги потенцираше плановите на делување и говореше за “Конзервативна сила која се појавува во нашето општество”. На дебатата земаа учество и Тамара Митковска, лидерка на Клубот на млади конзервативци на тема “Иднината на младите е кај конзерватизмот”, Сашо Петковски кој зборуваше за “Модерен конзерватизам и негова имплементација во општеството”, како и Џејсон Мико кој ја образложи “Рамка за конзервативно размислување”.
Институтот Сариса продолжува со организирање на Конзервативниот караван, кој ќе гостува во Гостивар следниот месец.
Дебатата во целост можете да ја гледате на следниот линк:
0 Comments