Институтот САРИСА ја одржа работилницата „Квалитетно образование – патот кон иднината“

Во организација на Институтот за конзервативни политики „САРИСА“ вчера во Скопје се одржа тематската работилница „Квалитетно образование – патот кон иднината“, во која говорниците се осврнаа на актуелната состојба со образованието во Република Македонија. Настанот го отвори и го модерираше м-р Сашо Марковски, Извршен Директор на Институтот „САРИСА“, кој даде краток осврт на работата на Институтот, и на кратко ја искоментира моменталната состојба со образовните реформи во Република Македонија. Првиот панелист, м-р Александар Богатинов, зборуваше Read more…

Слободата не значи буквално се

Живееме во време кога слободата е најбитна за развиток на едно здраво општество. Без неа просперитетот би бил замислена именка. Слобода значи индивидуално или општествено дејствување без да се соочи со препраки. Но што всушност е слобода? Секоја индивудуа има различна перцепција кон овој збор. Кога добро ќе размислиме, слободата не би била слобода доколку не е ограничена. Таа не може да биде без граници. Буквално се што ги поминува своите граници претставува препрека за Read more…

Колумна на м-р Александар Богатинов – „За судбината во Владетелот на Макијавели“

„Но сепак, поради тоа што не можеме да го оспориме постоењето на слободната волја, мислам дека судбината одлучува во половина од нашите дела, а останатата половина ја остава на нас на располагање“ Николо Макијавели, Колку може судбината во она што е човечко и како можеме да се одбраниме,  Владетелот   Николо Макијавели (1469 – 1527) е  дипломат, политичар, писател и филозоф, кој што живеел за време на  ренесансата во Италија. Најпознат е по своето единствено политичко, и Read more…

Италијанска конзервативна преродба

Како последица на штетното левичарско владеење во европската унија и нивните лажни пропаганди, бројот на конзервативци се зголемува. Од ден за ден во различни делови на Европа и северна и јужна источна и западна, луѓето се освестуваат. Исто како што некоја неприродна работа кога ќе бидне неуспешна и напуштена, природата ја јаде истата и ја враќа во првобитна состојба. Тоа се случува денес во Европа, природното и морално општество ги регенерира сите расипани сфери кои  Read more…

Една емпиристичка идеја против дигиталното учење

Како дел од мојата скромна библиотека се и десетици книги кои што ги имам во електронско издание. Веќе неколку години следам страници (најчесто пиратски) кои овозможуваат спуштање на литература во својот пресметувач. Ваквите пиратски страници заштедуваат пари, е-книгите заштедуваат простор, потрагата по нив во хартиена форма заштедува време, но уште од самиот почеток читањето на книгата во електронско издание ми нудеше едно поинакво искуство отколку истите книги кои ги имав во хартиена форма. Впечатокот кој Read more…

Комунистите изгубија во Мадрид, во иднина и во Шпанија

Неодамна во Кралството Шпанија се одржа дел од регионалните избори. Изборите зарегионот Мадрид се одржаа на 4ти мај 2021 година. Очекувано според сите анализи на тие избори победи народната партија, која е десно центристичка. Овој регион е еден од бастионите на народната партија, во кој често победува. Изабел Ајусо е реизбрана за претседател на регионот откако нејзината партија освои огромни 1.620.000 гласови или скоро 45% од гласачките лифчиња т.е. 65 пратенички места. На второто место Read more…

Конзервативен караван на Институтот „САРИСА“ во Пробиштип

Институтот за конзервативни политики „САРИСА“ вчера (20.02.2021 година) во Пробиштип го одржа својот настан насловен „Конзервативна опција за развиена држава“. Настанот го отвори Директорот на Институтот САРИСА, м-р Сашо Марковски, кој пред присутните даде еден вовед за структурата и идејата на Институтот, а потоа зборуваше на тема „Конзервативизам за одржливи државни столбови“. Веднаш по него се обрати раководителот на Секторот за политичко-идеолошки работи во Институтот САРИСА, м-р Александар Богатинов, кој говореше на тема „Градење современа Read more…

Конзервативниот караван на Институтот „САРИСА“ гостува во Битола

Институтот Сариса ќе одржи јавна дебата под наслов „Традицијата, историјата, конзервативизмот: столбови на државата” во Битола на 23.01.2021г (сабота) во 13:00ч во Хотел Епинал. Овој настан е трет дел од таканарачениот Конзервативен караван кој посетува неколку градови низ државата. Говорниците ќе се осврнат на политичка филозофија, конзервативна идеологија, управување со државни институции, како и за плановите и програмите на Институтот. За повеќе информации ве молиме да се обратите на info@sarissa.mk .

Најдоброто од непријателите: Бакли против Видал (2015)

Најдоброто од непријателите: Бакли против Видал (2015) е американски документарен филм во режија на Роберт Гордон и Морган Невил во 2015 година за телевизиските дебати меѓу интелектуалците Гор Видал и Вилијам Ф. Бакли јуниор за време на претседателските избори во САД во 1968 година. „Најдоброто од непријателите“ навлегува во заплетканите биографии на овие двајца големи мислители и луксузот на јазикот и театарот на нивните дебати, поставувајќи го прашањето: “Што направи телевизијата за начинот на кој Read more…

Политичко насилство

Мислам дека го достигнавме врвот на демократијата, мислам дека навистина сериозно ја сфативме демократијата, односно не само што сме ја сфатиле туку и сериозно и упорно ја применуваме велејќи за сè што ќе се направи дека е демократско право, живееме во демократија.По случувањата овие денови мислам дека чашата не е прелиена, туку чашата ми наликува на чешма на која ѝ се расипала славината и нема кој да ја поправи, ниту кој да ја сопре. Е Read more…