ТИМ

м-р Сашо Марковски е Извршен директор на Институтот за конзервативни политики „Сариса“ во Скопје. Тој поседува диплома за Меѓународни односи при Универзитетот во Мериленд – Колеџ Парк, САД и магистерска диплома за Меѓународен бизнис при Универзитетот Вухан, НР Кина. Тој е поранешен Посебен советник на министерот и Раководител на Секторот за меѓународна соработка во Министерството за одбрана. Тој исто така има работено како Политички асистент на македонскиот амбасадор во Вашингтон. Негови професионални интереси се меѓународни односи, дипломатија, одбрана и меѓународна економија. Покрај англиски, тој зборува македонски, босански/хрватски/српски и основен германски јазик.  


м-р Влатко Митковски е магистер по менаџирање на стратегиски комуникации, во областа на јавната дипломатија и има магистрирано на Институтот за комуникациски студии во Скопје на тема “Форми и начини на решавање на европската миграциска криза 2015”. Позади себе има повеќе од 20 години работно искуство во меѓународната (безбедносна)​ соработка. Негови професионални интереси се меѓународните односи, јавната дипломатија,​ преговорите и лобирањето. Покрај англиски, тој зборува германски, хрватски, словенечки и​ основен албански јазик.


м-р Никола Веселинов е вработен во Националната Установа Конзерваторски Центар Скопје. Се здобива со титулата магистер по Историски науки, насока Архивистика на Институт на историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговото работно искуство е прибирање, средување, селектирање, систематизирање, обработка на документација за културното наследство и негова заштита по видови, односно фондови, компјутерска обработка на податоци за неа и за содржината во неа според утврдена методологија. Неговите научна истражувања се претежно од областа на историјата и архивистиката. Активно го користи англискиот јазик.


Џејсон Мико има триесет годишно работно искуство во доменот на односи со јавноста, комуникации, менаџмент, економски развој и хуманитарна работа.Живеејќи во странство и патувајќи го светот, тој се има стекнато широко знаење за различни култури и заедници. Џејсон е роден во Аризона и моментално работи во компанија за односи со јавност и јавни работи во Тусон, Аризона.


Тамара Митковска е студент на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет во Скопје. Таа е лидер на Клубот на млади конзервативци во Институтот САРИСА. Поседува професионални интереси во областа на националната безбедност, кризниот менаџмент, тероризмот и илегалната миграција. Таа зборува англиски јазик и има основно познавање од германскиот јазик.


м-р Александар Богатинов работи како наставник во основно и професор во средно образование во Пробиштип. Има завршено Филозофски факултет – отсек филозофија при УКИМ Скопје, а  моментално е и магистранд на истиот факултет. Ги предава предметите запознавање со религиите, етика, логика и филозофија. Член е на македонското филозофското друштво и активно учество во популаризацијата на филозофската мисла меѓу младите.


Дамјан Петрески е студент на Православниот Богословски Факултет ,,Свети Климент Охридски” во Скопје. Неговите истражувања се во доменот на православната теологија, историјата на Црквата и националната историја, како и традициите и културата на македонскиот народ и нивното зачувување и промоција. Активно го користи англискиот јазик.


Сашо Петковски дипломира Меѓународни односи – Дипломатија во Софија, Р. Бугарија во 2010 година на државниот универзитет Свети Климент Охридски. Поранешен советник за меѓународни односи со државите од Источна Европа и Азија во Министерство за одбрана. Активно се бави со анализа на политичката состојба во Блискиот Исток и Северна Африка како и со изработка на политички рејтинзи ширум светот. Покрај англиски јазик има основно познавање на германски и словенечки јазик.


Горан Петрушев има дипломирано на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Машински факултет – Скопје, на Интердисциплинарни студии по инженерство на животна средина, вработен во Бирото за Метрологија. Претходно има долгогодишно искуство во работа на проекти и соработка со локална власт. Неговите истражувања се во доменот на заштитата на животната средина и енергетската безбедност. Активно го користи англискиот јазик.


Стефани Денковска е апсолвент на Економски Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, насока Сметководство и ревизија. Нејзините интереси се во доменот на макро и микроекономијата, како и македонистиката. Активно го зборува англискиот јазик и има основни познавања од францускиот и шпанскиот јазик.


Лејла Рајкова е дипломиран правник на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје. Во моментот е магистрант на Факултетот за безбедност ”Климент Охридски”- Битола, насока организиран криминал и корупција.Има учествувано во повеќе правни комисии, општински комисии, изборни комисии и има напишано многу колумни на теми од нашето секојдневие. Има учествувано на повеќе работилници, семинари и предавања.Нејзини професионални интереси се организираниот криминал, корупција, тероризам, безбедноста и правната држава. Таа зборува англиски јазик и има основно познавање од грчкиот јазик.