ЗА НАС

Институтот за конзервативни политики – САРИСА е идеолошки и политички институт чија цел е креирање, развој и промоција на конзервативни вредности и политики. Институтот врши истражувања, анализи, организира разни видови на обуки и конференции и одржува јавни расправи и дебати, во насока на приближување и елаборација на конзервативната мисла во македонското општество. Преку своето конзервативно дејствување, Институтот ја нагласува важноста на националниот идентитет и историското сеќавање, семејните вредности, борбата за слободна пазарна економија и се залага за култура која промовира вредности, праведност и правичност. Институтот Сариса исто така промовира економски просперитет и политика на инклузивитет на меѓународно поле.  

Институтот Сариса активно соработува со сродните идеолошки странски партнери и организации и охрабрува размена на мислења и експерти, но и организација на заеднички настани.