Италијанска конзервативна преродба

Published by sarissa.institute on

Како последица на штетното левичарско владеење во европската унија и нивните лажни пропаганди, бројот на конзервативци се зголемува. Од ден за ден во различни делови на Европа и северна и јужна источна и западна, луѓето се освестуваат. Исто како што некоја неприродна работа кога ќе бидне неуспешна и напуштена, природата ја јаде истата и ја враќа во првобитна состојба. Тоа се случува денес во Европа, природното и морално општество ги регенерира сите расипани сфери кои  70 години левичарите ги уништуваат.

Сашо Петковски

Модерните конзервативци се борците кои не враќаат на прав пат. Вистинските општествени вредности мора да победат. Сите ние сме должни да им приредиме подобра иднина на нашите потомци и да им овозможиме да живеат во подобро и слободно општество.

Денес народот во Италија се освестува. До пред неколку години левичарите имаа огромна популарност, но италијанците увидоа дека левичарските ветувања се една обична пропаганда за промена на моралниот свет. Тие не успејаа да го подобрат квалитетот на животот, успејаа да ја трујат младината и да ја одвлечат од семејството, духовноста и традицијата. Но како што рековме секоја неприродна работа има рок на траење и на крајот е проголтана од природните закони.

Најновите анкети на популарност покажуваат дека народот сака да ги исфрли левичарите од политичката сцена. Конзервативните партии уживаат огромна популарност меѓу гласачкото тело, дури како никогаш до сега. За разлика од повеќето држави, конзервативците во Италија се обединети. Како такви тие ќе бидат непобедливи и ќе успејат да ја вратат Италија на здрави нозе.

Најголемата конзервативна партија е Лигата на Матео Салвини. Тие заедно со останатите конзервативци победија на минатите парламентарни избори и беа приморани да оформат влада со движењето 5 ѕвезди. Матео беше избран за министер за внатрешни работи. Тој беше често критикуван од европските левичари, кои преку своите невладини организации секојдневно истовараа бродови со нелегални имигранти на италијанското копно. Беше трн во око поради неговите напори да се спречи таа нелегална имиграција. На крајот му ја растурија владата и ги инсталираа своите неморални левичари заедно со движењето 5 ѕвезди кадешто оформија нова влада која почна да ја полни Италија со криминалци. Лигата на Салвини иако беше во опозиција уживаше уште поголема популарност. Расипничката политика доведе да се распадне таа нова левичарска влада која не траеше долго. Драги беше избран за независен премиер каде што Лигата влегоа како дел од таа техничка влада.

Втората најголема конзервативна партија во Италија е Браќа на Италија. Иако втора, нејзината популарност рапидно расте и има тенденции да стане и прва. Нејзин лидер е Џорџиа Мелони која се појави на политичката сцена преку Напред Италија на Силвио Берлускони. Особено за оваа партија е дека таа не влезе како дел од техничката влада на Марио Драги. Тие останаа во опозиција и се најголеми критичари на левичарските пропаганди. Поддржката за нив расте од ден во ден особено помеѓу младата популација која е освестена.

Третата партија е Напред Италија на Силвио Берлускони. Нејзината популарност е опадната со текот на времето но сепак во последните години одржуваат стабилно гласачко тело. Нејзините гласачи се од постарата популација на Италија. Оваа партија е пионер на модерниот италијански конзервативец, партија од која произлегле многу млади конзервативци.

Последната и четврта партија од овој десно центристички блок е новата Храбра Италија. Прилично нова партија основана на 27 Мај 2021 година, преку обединивање на “Да се промениме” на Џовани Тоти претседателот на Лигурија, “Идентитет и акција” на Гаетано Кваљариело и незаввисниот Луиџи Бруњаро кој е градоначалник на Венеција. Интересно да се напомене е што на оваа партија се приклучија многу пратеници од движењето 5 ѕвезди.

Според последните анализи за Лигата на Салвини во просек би гласале 21% од испитаниците, за Браќа на Италија на Мелони би гласале 20%, за Напред Италија на Берлускони би гласале 7%, а за новата Храбра Италија би гласале 2%. Тоа се високи или огромни 50% од испитаниците. Начелно следните парламентарни избори треба да се одржат во 2023 година, но возможно е да има предвремени избори следната 2022 година при што конзервативците ќе им нанесат тежок пораз на левичарите и лажни либерали.

Ова е само дел од трендот кој се шири низ Европа, особено во јужна и централна. Италија и нејзината богата историја е класичен пример за европски идентитет кој мораме да го сочуваме и да се бориме за него. Традицијата и верата се основните принципи кои ќе го вратат моралот и ќе ја вратат славата на Европа која е културолошки лидер во светот. Напред Италија!

Колумната е превземена од Conservatives Global


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *