Конфликтот во Кавказот

Published by sarissa.institute on

Сашо Петковски

“Ipsam historia repetit” или „Историјата се повторува“. Кавказ, планинско место со бурно минато. Деновиве сме сведоци на разгорување уште еден конфликт. Овој пат во Република Арцак. Арцак е самопрогласена држава (призната само од 3 држави кои воедно и тие не се членови на Обединетите Нации) со нерешен статус. Во минатото, регионот е познат како Автономна Република Нагорно – Карабаг.

По пропаста на Руската империја во 1917 година, на територијата на Кавказ е формирана Транскавказка демократска федеративна република составена од денешна Грузија, Ерменија и Азербејџан. Нерешените територијални спорови (за областите Карабаг и Нахичеван) помеѓу Ерменија и Азебејџан довеле до војна која траела се до 1920 години. Уште тогаш Отоманската Империја како вечен ерменски непријател ги помагала Азербејџанците. Војната секако не го решила конфликтот, напротив било извршена инвазија од советската армија во април 1920 година и двете земји биле окупирани. За решавање на недоразбирањата меѓу овие два народи било формирано кавказкото биро. Народниот комисар за националности подоцна и лидер на Советскиот сојуз и еден од најозлогласените диктатори кои ги памети земјата, Џозеф Сталин дал задача спорот да биде решен. На 4ти Јули 1921 година Кавказкото Биро изгласало со 4 наспроти 3 во полза областа Карабаг да биде префрлена во Советската Социјалистистичката Република Ерменија. Наредниот ден одлуката била поништена и областа останала во Азербејџан. За да се избегне омраза кон Советскиот Сојуз била формирана Автономна област Нагорно-Карабаг со 95% Ерменско население.

По неколку децениските бурни протести во Нагорно-Карабаг спорот не бил решен од страна на Советскиот Сојуз како медијатор и тоа резултирало со нова војна помеѓу Ерменија и Азербејџан во 1988 година. Едниствена земја која ги помогнала Азербејџан била Турција, но залудно. По 6 годишната војна на 12 мај 1994 година                по големата победа на Ерменците било потпишано примирје (Бишкекшки протокол) каде се прогласило независнот од Азербејџан на Нагорно-Карабаг (преименувана во Република Арцаг) и унификација со Ерменија, но регионот на светско ниво до ден денес е признат само како составен дел од Азербејџан.

По граничните инциденти во 2016 година и скорешните во Јули 2020 година, Ерменија изврши заедничка воена вежба заодбранбен воздушен систем со Русија, додека пак Азербејџан извршија неколку воени вежби со Турција во текот на месец август. На 27 септември изутрината во осум часот Азербејџанскитевооружени сили извршија ракетен и воздушен напад на главниот град Степанакерт. Која е причината за оваа непотребна офанзива? Можеби е поврзана со изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Еддоган неколку дена порано на 75то заседание на советот на Обединетите Нации дека Турција е подготвена да го брани интегритетот на азербејџанската држава. Нескорашно Израел беше признат од ОАЕ и Бахреин и тоа е предзнак за едно големо примирје на блискиот исток. Потег кој не беше добредојден од турскиот претседател. Иако веќе замешани во интегритетот на Сирија и Либија некои медиуми известија дека Турција испратила припадници од Ал-Хамза дивизијата (која се бори против власта во Сирија) во Азербејџан за да се борат против ерменците.

За разлика од Турција, останатите битни фактори како Русија и Иран повикаа огнот да прекине и да се реши спорот разумно. Истото го предложија и Франција, Ватикан и САД, на што турскиот претседател одговори дека истите тие земји 30 години не придонеле да се реши овој проблем и дека тој цврсто ќе стои позади Азербејџан и ќе наврави се “окупираните” територии од ерменците да се вратат на Азербејџан. Разгорувањето продолжува, од ден за ден азербејџанските сили гранатираат урбани населени места, села  каде покрај ерменски војници настрадаа и многу невини цивили. Русија изрази огромна загриженост и изјави дека ова ќе доведе до многу поголема ескалација во целиот регион, изјава која не тера да размислиме дека доколку конфликтот не прекине можно е Русија да интервенира со помош кон Ерменија. Како Русија, така и Франција ја обвини Турција дека има цврсти докази за импортирање на странски платеници кои ги носат од Либија и Сирија како и директно учество со гранатирање на ерменски позиции со турски дронови. Вчера од страна на неколку телевизии беше забележан конвој од возила Kamov кој се упати кон Ерменија. Иран тврди дека тоа е само хуманитарна помош и дека не помагаат воено.

Ерменскиот претседател, Армен Саркисиан изјави дека доколку воените дејствија на Азербејџан не прекинат и светот не придонесе до нивно спречување, ќе настане уште една катастрофа и Кафказот ќе биде нов проблем во регионот. На азербејџанските дејствија Ерменците возвратија воено и засега и двете страни имаат загуби. Ерменците тврдат дека уништиле 200 тенка, 7 хеликоптери, 1 борбен авион и 70 беспилотни летала, додека азербејџанците пријавуваат уништен само еден борбен авион. Русија уште еднаш потврди дека мешањето на трета стана (во случајов Турција) ќе предизвика дестабилизација во целиот регион и проблемот ќе ескалира и многу пошироко.

Република Арцак de facto независна држава  е населена со 100% ерменско население и Азербејџан 30 години нема контрола врз таа област како последица од поразот во Ерменско-Азербејџанската војна од минатиот век. Воените дејствиа нема да го решат овој проблем туку ќе допринесат за нови и многу поголеми проблеми. Огнот треба да прекине, да се спасат колку е можно повеќе невини цивили како би продолжиле со мирен живот. Меѓународната заедница треба да пресече да свика состанок каде би учествувале и двете страна, да се изнајде решение и овој конфликт да се реши по мирен пат. Останува да видиме во наредните денови како ќе се одвива ситуацијата и да се надеваме на најпозитивен исход, бидејќи во 21век човештвото треба да се движи кон подобрување, да просперира и да се помага меѓусебно,а не да се враќа кон средновековието и да води примитивни битки за исполнување на нечие его.


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *