Кралот на западот

Published by sarissa.institute on

Сашо Петковски

Се наближуваме до еден битен ден. Тоа е 3ти ноември, денот кога ќе се одржат претседателските избори во Соединетите Американски Држави. Силите ќе ги измерат големиот Доналд Трамп и неговиот противник Џо Бајден. Борбата помеѓу нив е веќе жестока, тоа се покажа на последната дебата, но и преку нивната кампања уште од самиот почеток.Во моментот Бајден има блага предност според анализите направени во Соединетите држави што значи дека трката ќе биде тесна. Ако се земе во предвид дека на минатите претседателски избори Хилари Клинтон имаше многу поголема предност од сегашната на Бајден сепак Трамп успеа да ја порази и да ја испрати како што заслужуваат поразените. Таквите грешни анализи како минатите ни покажаа дека во САД има високо развиена левичарска мрежа која шири лажни вести кои на секој начин пробуваат да ги дискредитираат републиканците и нивните конзервативни приврзаници. Затоа и на овие избори се очекува дека покрај благата предност на Бајден, Трамп ќе успее да ја земе победата во свои раце многу повеќе триумфално отколку на минатите избори.

Поминаа првите 4 години од владеењето на Трамп. На почетокот многу американци подлегнаа на лажната пропаганда на левичарите и помислија дека нивните животи ќе пропаднат со доаѓањето на Трамп. Беше обвинуван дека е расист, дека е педофил, манијак. Дека ќе забрани влез на мигранти, дека ќе ги избрка од Соединетите Држави сите кои се малцинство. Но дали е тоа така? Се разбира не, ниту одблизу. Трамп никогаш не бил расист и напротив ја спроведе во јавност една од најголемите педофилски мрежи со отворање на случајот за Епштајн. Освен неколку нелегални мигранти ниту еден од малцинството не беше протеран како што пропагираа левичарите за да ги уплашат луѓето. Во еден збор никој не беше оштетен како што предвидуваа.

Дали Трамп заслужува уште 4 години? Секако дека да. Успешноста кај Афро-американците е како никогаш до сега, се отворија безброј работни места, огромен дел од производството се врати во Соединетите Држави, невработеноста се намали драстично, американската економија бележи огромен раст и обичниот американец се разбира бележи огромен бенефит од сите постигнувања. За разлика од останатиот нобеловец кој однесе многу невини американски животи со многу војни насекаде по светот, Трамп тоа го спречи. Овој човек спаси огромен борј животи на американските војници како и животи на невини цивили кои гинеа заради разно разни инвазии. Трамп ја подобри полицијата во соединетите Држави како никогаш до сега и вети дека во следниот мандат ќе се вложи уште повеќе, но Бајден најави дека доколку победи ќе го намали буџетот за полицијата. Според него полицијата треба да се намали и покрај безбројните напади на левичарските хорди како АНТИФА и останатите низ улиците на америка. Американците не го заслужуваат тоа. Американците заслужуваат сигурност, заслужуваат стабилност и просперитет. Бајден јавно изјави дека АНТИФА која е терористичка организација е идеја. Идеја за која верувам дека за многу американци е хорор приказна. Видовме како палат, рушат, ограбуваат, тепаат, како се однесуваат како натрапници низ туѓи приватни имоти. Замислете како би било кога на власт би бил човек кој ги поддржува.

Радикалната левица веќе долго време пробува да го оцрни Кристофор Колумбо, човекот кој отвори ново поглавје во историјата, замислете тие сакаат да ја избришат историјата, а сите знаеме дека човештвото без историја е изгубено и потоа лесно контролирано. Бајден како главен противник вели дека ќе ја подобри америка, во ред но тој во американската политика е над 40 години и не успеал до денес да подобри ништо а можеби и не сакал, за разлика од Трамп кој постигна многу во своите 47 месеци. Левичарите сакаат да го прошират врховниот суд како би вметнале поголем број нивни судии доколку победат на овие избори. Така ќе можат многу полесно да ги спроведуваат нивните агенди. Кога Бајден беше запрашан дали навистина планираат такво нешто тој гордо одговори дека гласачите немаат право да знаат.Слично беше и на дебатата помеѓу замениците Камала Харис и Мајк Пенс каде што по зададеното прашање од господинот Мајк Пенс, Харис одби да одговори. Пенс не дозволи и го постави прашањето уште неколку пати за да добие директен одговор но тој не го доби и порача дека ескивирање на одговор не е нешто што го заслужуваат американските гласачи и дека гласачите имаат право да знаат. Неодамна предложената за врховен судија, госпоѓата Ејми Барет беше критукувана дека е неправилен избор само затоа што е католик. Замислете дали заслужуваат да победат луѓе кои ве перцепираат според вашите верувања? Тие сакаат да ја убијат вербата во вас, наложувајќи ви дека доколку сте верник вие не можете да просперирате во нивното општество. Џо Биден сака да го укине Вториот амандман загарантиран во конституцијата на Соединетите Американски Држави. Тоа е правото да поседувате оружје со кое можете да го штитите вашиот имот. Замислете како би се справиле со вооружени орди кои сакаат да ве ограбат доколку се случи тоа.

Да сумираме што левичарите, под лажното име демократи, сакаат да направат. Сакаат да ве разоружаат за да не можете да го браните својот дом, сакаат да го корумпираат судот и да носат одлуки на тоталитаристичи начин, сакаат да ја намалат полицијата и да нема доволно капацитет кој ќе ве штити, сакаат да ја пропаднат економијата, да ги намалат работните места, да ги преселат фабриките надвор од Америка, сакаат да ја променат историјата, да креираат диви левичарски орди за да се пресметуваат со сите неистомисленици и сакаат да го поделат американскиот народ пумпајќи го расизмот и омразата на високо ниво. Кој американец би го сакал ова?

Без разлика дали сте конзервативец или демократ, Трамп значи подобра иднина за Америка. Америка е место за сите, без разлика каква е вашата боја на кожа, без разлика каква вероисповест имате и дали воопшто сте верник, без разлика дали сте маж или жена. Сите се луѓе и сите имаат право на живот како и право на различно размислување и претседателот Доналд Трамп тоа ви го овозможува. Спротивно на тоа радикалните левичари сакаат да ве збришат на секое поле, да ве оцрнат и осудат дека вие самите сте криви затоа што не се вклопувате во нивното општество. Сите сме еднакви и сите заслужуваме да постоиме без да бидат загрозени нашиот живот и иднина.

Доколку мене ме запрашаат кој би требало да победи на овие избори, јас би рекол дека секако тоа е господинот Доналд Трамп. Америка заслужува добра иднина и мир како би била најдобрата земја во светот. На крајот од денот Бог нека ја благослови Америка.


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *